Facebook Twitter Google RSS

Gadgets

Advertise Here

Technology

Business

Social

Sports

Photography

Friday, December 2, 2016

Корисниците на iPhone 6s сега може да проверат дали им следува нова батерија преку серискиот број

n1crazy     9:22 AM  No comments

Пред десетина дена ја објавивме информацијата дека Apple започна програма за промена на батериите на корисниците на  iPhone 6s. Промената на се однесува на сите уреди, односно за да знаете дали на вашиот уред му е потребна нова батерија, требаше да го проверите серискиот број и да го споредите со листата.
Доколку вашиот уред е еден од тие на кој му е потребна промена на батерија, тоа можете да го направите во овластениот Apple сервисен провајдер iStyle.
За да им ја олесни проверката на корисниците, Apple сега на својата страна додаде можност да го внесете вашиот сериски број, па наместо да го споредувате со некоја листа, автоматски да ви биде кажано дали е потребна промената на батеријата. Истото можете да го направите преку следниот линк.
Инаку, проблемите кои се имаат појавено со батеријата кај одредени корисници прават да уредот се исклучи, иако батеријата не е празна. Ова се разбира не е сериозен проблем како во случајот со Note 7, каде корисниците пријавуваа палење на нивниот уред.

Apple ќе ги замени батериите на одредени iPhone 6s модели – нашите корисници може да се обратат во iStyle

n1crazy     9:22 AM  No comments

Apple истакна дека имаат откриено проблем кај мал процент од корисниците на iPhone 6s кој може да доведе до исклучување на уредот и покрај тоа што батеријата не е испразнета. Овој проблем може да се јави само кај 6s моделот, односно не се засегнати корисниците на 6s Plus.
Исто така, проблемот може да се јави кај 6s моделот произведен во периодот септември – октомври 2015 година и само кај уреди со конкретен сериски број. Конкретно, уредите кои завршуваат со следните ознаки во нивниот сериски број (4-тиот и 5-тиот карактер), се засегнати со потенцијалниот проблем со батеријата:
Q4, Q5, Q6, Q7, Q8, Q9, QC, QD, QF, QG, QH
Серискиот број на вашиот уред можете да го проверите најлесно преку Settings > General > About. Доколку го немате уредот во моментот или истиот не работи, серискиот број може да се провери на кутијата во која е купен или преку iTunes, односно Devices лентата во preferences.
Траењето на програмата е 3 години од купувањето на уредот и ги опфаќа сите модели на iPhone 6S со горенаведените сериски броеви без разлика каде се купени.
iStyle Macedonia како единствен овластен Apple сервисен провајдер ја нуди замената бесплатно.
За да им излезат во пресрет на корисниците, не мора да ги носите физички Вашите уреди во сервисот на iStyle, па единствено што треба да направите е да испратите имејл на service@istyle.mk со наслов “Battery Replacement iPhone 6S” со Вашите податоци:
  1. Сериски Број на Вашиот уред
  2. Име и презиме
  3. Адреса и место на живеење
  4. Телефонски Број
  5. E-mail адреса
Откако ќе ги испратите овие податоци, ќе Ви биде испратен повратен mail дека Вашата порачка е процесирана.
Рок на испорака на батериите е 10-15 дена. Откако ќе пристигне ќе треба да дојдете во Сервисниот Центар во iStyle во Скопје Сити Мол на приземје за бесплатно да ви биде променета Вашата батерија.
За сите дополнителни информации испратете mail на service@istyle.mk

Што е “Cloud” и како да ја изберете најдобрата опција

n1crazy     9:18 AM  No comments

Се присетувам на времето кога изнајмувавме филмови на VHS касети од најблиската видеотека, кога ги користевме оние фотоапарати со филмови со кои што можеш да направиш 36 слики на кои ако сликаш фотографија нема враќање назад и бришење, кога купувавме касети и по цели денови дремевме пред касетофонот за да ја фатиме омилената песна на радио и да ја снимиме, па кога ќе ја преслушавме таа песна, за да ја снимиме нова, требаше да ја преснимиме врз старата. Кога носевме огромен Walkman со нас и требаше да ја превртиме касетата на “Б” страната за да ги слушаме останатите 6-7 песни кои ги собираше. За да играме една едноставна видео игра, купувавме Nintendo за кое мораше да купуваме дискети.
Денес, сето тоа е минато. Имате еден уред кој сите работи од горенаведените може да ги направи. И тој уред е помал од еден Walkman. Сега на еден уред можете да слушате музика, да гледате видео, да сликате Selfie фотографии, да играте игри … Со самото тоа што еден толку мал уред е мултифункционален, апетитите и потребата за поголема меморија и складирање на сите податоци е поголема. Но, исто така и потребата за сигурно и безбедно складирање на сите тие податоци.
Креативните умови од Силиконската Долина најдоа решение. Cloud Storage е онлајн сервис каде што може да ги складирате сите Ваши податоци, да пристапите од било кој уред кој е поврзан на Интернет и да ги споделите тие податоци со кој сакате. Има повеќе компании кои нудат бесплатен Cloud простор, а како побитни би ги спомнал Microsoft, Apple, Amazon, Dropbox, Box и Google. Јас лично го користам сервисот на Microsoft, OneDrive, бидејќи според мене е најстабилен.
На Cloud-от ги чувам моите најбитни фотографии и видеа кои секако не сакам да ги изгубам со ненадејно расипување на дискот на мојот лаптоп. Исто така имате и опција со месечна претплата по многу достапна цена да го зголемите Вашиот простор, почнувајќи од 1TB што е доста голем простор за зачувување на податоците. Податоците кои што ги имам складирано на OneDrive можам да ги споделам со некој друг корисник кој не мора да има креирано корисничка сметка на сервисот. Можеме и заедно да модификуваме некој документ, како на пример Excel табели или пак Word документи. Исто така, можете да пристапите до Вашите податоци преку веб пребарувачот, или преку десктоп и мобилна апликација. Но, имате и опција да купите и персонален Cloud Server, таканаречен NAS (Network Attached Storage). Тоа е мини сервер, односно кутија во која има дискови кои што можете сами да одлучите колкав простор ќе имате и само треба тој сервер да Ви биде поврзан на интернет. На тој начин, податоците Ви се уште побезбедни, бидејќи сте позаштитени од напади на хакери.
Ви препорачувам на сите да ги користите услугите кои ги нудат Cloud сервисите бидејќи навистина се корисни и ефективни и може да бидат од голем бенефит за Вашите лични потреби како и за Вашиот бизнис.

Huawei претстави Li-ion батерија со графин, која може да издржи повисоки температури

n1crazy     9:16 AM  No comments


Една од најголемите слабости на литиум јонските батерии е тоа што губат капацитет на многу високи температури и дури стануваат и опасни, односно имаат можност од експлозија. Сепак, нова батерија со графин би можела да го реши овој проблем, односно е поотпорна на повисоки температури.
Новата батерија ја развива Watt Laboratory, која е организација под истражувачкиот центар на Huawei, наречен “Huawei’s Central Research Institute”. Благодарение на употребата на графин во овие литиум јонски батерии, тие можат без проблем да функционираат на температури од 60 целзиусови степени, што е 10 степени повеќе од обичните литиум јонски батерии. Новата батерија има и пониска температура од 5 степени при полнење и празнење во однос на класичните литиум јонски батерии, а задржува 70% од капацитетот дури и по 2.000 циклуси.
Да се каже дека само употребата на графин е заслужна за подобрите перформанси на овие батерии е потценување на сите останати технологии употребени во неа. Графинот овозможува подобро ладење, но во батеријата има и адитив во електролитите, кој ги отстранува остатоците од вода и е превентивен во испраувањето на повисоки температури. Исто така, за изработка на катодата е употребен кристален NMC материјал, кој ја подобрува термалната стабилност на „катодната пудра“.
Овие подобрувања и овозможуваат на новата батерија подобро да се снајде во услови на високи температури, како на пример базни станици и електрични автомобили во места со жешка клима, но и во дроновите и сите останати уреди кои користат некаков тип на литиум јонска батерија. Всушност, со ваква батерија Galaxy Note 7 сигурно не би имал проблем со експлозија при повисоки температури.

Првите Android телефони на Nokia пристигнуваат на почетокот од 2017 година

n1crazy     9:15 AM  No comments

Финскиот бренд, кој своевремено беше убедливо најуспешен на пазарот на мобилни телефони, сигурно сѐ уште има огромен број на корисници и особено фанови на земјината топка. Затоа, нивното враќање на пазарот со Nokia паметен телефон со Android добива толку многу публицитет во медиумите.
Сега, знаеме со сигурност дека тоа ќе се случи на почетокот на наредната година, бидејќи финскиот бренд на нивниот веб сајт стави нова страна “Phones”, каде има најава дека првите модели ќе пристигнат во таа временска рамка. Има шпекулации дека тоа ќе бидат модели од средната класа, со Snapdragon 430 процесор, просечен дисплеј и просечна камера, но искрено се надевам и верувам дека враќањето ќе го одбележат со модел од високата класа. Со ваков модел тие би можеле веднаш да бидат забележани на пазарот, бидејќи би се натпреварувале со Samsung Galaxy S серијата и iPhone.



За производство на телефонот сепак нема да биде задолжена директно Nokia, бидејќи со купувањето на дивизијата за производство на хардвер, Microsoft ги откупи сите фабрики на брендот, многу од луѓето задолжени за развој и мрежата за дистрибуција. За тоа ќе бидат задолжени компанијата HMD Global Oy, која ќе ги дизајнира и развива телефоните и FIH Mobile, подружница на Foxconn, тајванската компанија која е позната по производството на iPhone смартфоните, а која ќе ги произведува и телефоните на Nokia.
Сепак, не бидете загрижени дека ова нема да бидат „вистински“ Nokia смартфони. HMD Global Oy е компанија која е оформена со финансии од приватни инвеститори но со посредување на Nokia, која сигурен сум ќе има што да каже во развојот на новите уреди, особено поради нивното долгогодишно искуство. Исто така, Nokia ќе заработува на секој уред, а како надоместок за употребата на брендот.
Како и да е, ние корисниците можеме само да се радуваме на враќањето на Nokia, бидејќи тоа ултимативно значи повеќе иновации и подобри смартфони на пазарот, од сите производители. Јас би почекал да ги видам смартфоните, но има доза на оптимизам дека Nokia нема да ја пропушти шансата да направи бум на пазарот.


Wednesday, November 30, 2016

ZTE бара име од заедницата за својот нов „самолеплив“ смартфон

n1crazy     3:59 AM  No comments


Кинескиот гигант ZTE неодамна лансираше прилично интересна иницијатива да дизајнира и развие телефон со заедницата, наречена Project CSX. На крај испадна дека она што го сакаат луѓето е смартфон кој е самолеплив, односно можете да го поставите на различни видови на вертикални површини, а има и технологија за следење на очите, со кои ќе можете да го управувате телефонот.
Телефонот е веќе во завршна фаза на развој и сега остана само бирање на името на телефонот. Како и досега во проектот, заедницата ќе го има завршниот збор. Гласањето е веќе почнато, а ќе заврши на 5-ти декември. Секако, во него може да учествуваат сите, но има неколку претходно поставени рамки. Прво, името треба да биде поврзано со телефонот, да не е копија и да не загрозува авторски права или заштитни знаци.
За да има и ZTE свој дел во избирањето на името, тие ќе одберат 5 финалисти од сите предложени имиња. Потоа, заедницата ќе може да гласа за тие пет финалисти, за на крај да биде избрано финалното име за новиот модел.
Победникот, односно оној кој ќе го поднесе победничкото име ќе биде објавен на CES во Лас Вегас наредната година и ќе добие картичка за купување во вредност од 250 долари. Да, ова е малку, но идејата на овој проект не е некој да заработи од него.
Доколку и вие имате некоја кул идеја за име на самолеплив телефон кој можете да го управувате и со очите, можете да влезете во натпреварот тука.

Facebook Instant Games ќе ви овозможи да играте игри преку Messenger

n1crazy     3:57 AM  No comments

Уште од  самото создавање на Messenger како посебен дел на социјалната мрежа Facebook, тимот на развивачи гледа да ја претвори оваа апликација во еден вид на мултинаменска платформа, која што нуди голем број на различни опции надвор од границите на нејзината првична комуникациска употреба.
Facebook во неколку наврати ја покажа својата креативност изненадувајќи ги своите корисници кои сакаат да играат игри, почнувајќи од март оваа година кога во својата апликација Messenger ги вметна скриените игри- Кошарка и Фудбал. Тоа предизвика големо лудило кај помладата популација која придонесе да бидат изиграни 1.2 милијарди “спортски мечеви” помеѓу корисниците на оваа апликација.
Несомнено поттикнати од оваа огромна бројка, денес тимот на Facebook ја претстави својата нова опција наречена Facebook Instant Games. Главна цел на компанијата е задржување на своите корисници што е можно повеќе во своето опкружување без потреба од нивно лутање низ Play Store и App Store барајќи начин за забавно исполнување на своето слободно време. Со помош на Instant Games можете да играте игри со вашите Facebook пријатели без да морате истите да ги симнувате. Опцијата се базира врз HTML5 гејминг платформа која што ви овозможува пристап до листа од интересни игри сместени во категоријата за новости – во самата Messenger мобилна aпликација или на листата со новосит на Facebook.



Тестирањето ќе се одбвива во затворена бета програма составена од вкупно 17 игри. Меѓу партнерите кои ќе ги изработат игрите за фејзбук се Konami, Zynga и King, а ќе можете да изберете помеѓу повеќе варијанти на нови игри и постари класици како што се Pac-Man, Galaga, Space Invaders, Word With Friends и многу други. До делот со игри ќе можите да стигните многу лесно само со едно кликње на иконка во симбол на гејмпад или џојстик во главното мени на апликацијата Мessenger. На Facebook секој корисник ќе може да го сподели својот најдобар резултат, од каде секој негов пријател добива директен пристап до истата игра и можност за искачување до врвот во листата на најдобрите резултати.


Ако сте личност која обожава да игра игри на својот смартфон чувајте ја ажурирана вашата Мessenger апликација која повторно ќе го разбуди детето во вас.

Latest Stories

Blogroll New

Proudly Powered by Blogger.